Урнебесна реакција: Судијата во тунелот го исплаши Мбапе (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Килијан Мбапе беше еден од хероите на Пари Сен Жермен по тешката победа против Лајпциг во третото коло од Лигата на шампионите (3:2). Сепак, пред натпреварот, тој имаше смена реакција во ходникот додека главниот судија Марко Гвида ја проверуваше опремата.

Во пресрет на натпреварот помеѓу ПСЖ и Лајпциг, беа видени неколку сцени за паметење.

Најпрво, Роналдињо слезе на теренот за да се поздрави со Лионел Меси среде „Паркот на принцовите“, а потоа Мбапе блескаше непосредно пред почетокот на натпреварот.

Францускиот напаѓач го постигна првиот гол на одличен начин, потоа асистираше за вториот гол, а на крајот „заработи“ и пенал по што Меси го постигна третиот гол. До крајот, тој самиот промаши пенал за 4:2.

Сепак, во пресрет на натпреварот, Мбапе за малку „скокна“ од кожа. Судијата Гвидо одлучи да провери дали му работи свирежот, а Мбапе скокна и почна да мрда со рацете. Од останатите соиграчи, само Марко Верати реагираше и се фати за левото уво.

Погледнете како сето тоа изгледаше во видеото.

Слични содржини