Урсула фон дер Лејен пристигна во Киев (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен, денеска пристигна во посета на Киев.

Таа „твитна“ дека ќе се сретне со украинскиот претседател Владимир Зеленски и премиерот Денис Шмигал.

Вчера, во своето обраќање пред Европскиот парламент во Стразбур, Фон дер Лејен рече дека „Путин нема да успее“ и дека „Европа ќе победи“ и дека ЕУ ќе остане на курсот со санкциите против Русија.

„Санкциите се тука да останат“, рече таа.

Зеленски претходно најави дека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лејен денеска ќе го посети Киев.

Слични содржини