Фон дер Лајен во Србија рече дека е силен поборник за членство на Западен Балкан во ЕУ

од Milan_M

Сите сме многу загрижени за големата криза во Косово, но длабоко сум убедена дека е можно да се деескалира и да се најде одржливо решение, вели претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, која денеска е во посета на Србија, пренесуваат тамошни медиуми.

– Затоа имаме платформа, под посредство на ЕУ. Додека ние сме тука, разговорите се одвиваат во Брисел – тоа е добро, бидејќи разговорите и преговорите значат дека може да се најде решение – рекла таа.

Таа додала дека на целиот регион му се потребни добри односи и помирување, „и знам дека сте дел од тоа“.

Фон дер Лајен истакнала дека таа е силен поборник за членство на Западен Балкан во ЕУ.

– Во тој контекст, навистина го поддржувам и го поздравувам силниот акцент на реформите. Ве пофалувам, направивте огромна работа – рекла фон дер Лајен, додавајќи дека се надева дека Србија ќе отвори нови кластери за пристапување што е можно поскоро.

Слични содржини