УС Опен не презема одговорност за ширењето на коронавирусот

од Vladimir Zorba

Организаторите на УС Опен објавија дека нема да прифатат вина доколку некој од тенисерите или членовите на стручниот штаб се зарази со коронавирус.

Организаторите на вториот Гренд слем турнир за оваа година и првиот по прогласувањето на пандемијата, ги доставија до сите учесници на УС Опен, вклучувајќи тенисери и нивните стручни штабови, документ што ќе го ослободи УС Опен од сите одговорности од можна инфекција со коронавирус.

Ова важи и за ширењето на инфекцијата на семејството и пријателите, па дури и ако се случи смрт, потписот на учесниците ќе значи дека УС Опен нема да има никаква врска со тоа.

Гренд слем турнирот во САД започнува на 31 август.

Слични содржини