Уште 100 војници се приклучија во гаснењето на пожарите кај Пехчево и Делчево

од Nikola Popovski

Припадниците на војската неуморно продолжуваат во справувањето со пожарите на терен и од воздух, информираат од АРМ.

-На две стотините припадници на Армијата кои беа ангажирани од почетокот на критичните локации на пожарите во тек на вчерашниот и денешниот ден се приклучија уште стотина колеги кај Делчево и Пехчево, како и во реоните на Валандово, Старо Нагоричане и Плетвар, а по потреба и согласно побарувањата ќе се приклучуват и армиски припадници кои непрекинато се наоѓаат во целосна подготвеност за ангажирање. Хеликоптерите МИ-8/17 од составот на воздухопловниот ВИНГ во досегашниот период имаат направено повеќе од 100 лета и исфрлено повеќе од 200 тони вода на локациите на кои се побаруваше, информираат од Армијата.

На помош на војската денес им се приклучија и пожарникари од Словенија, а во текот на вчерашниот ден пристигнаа пожарникари и опрема од Бугарија.

Слични содржини