Уште 200 граѓани на С. Македонија се ревакцинираа во Врање

од Nikola Popovski

Уште двесте граѓани од С. Македонија ја добија втората доза од една од четирите вакцини на местото за вакцинација во Спортската сала во Врање, во рамките на соработката меѓу двете земји.

Д-р Љиљана Антиќ, в.д. директор на Здравствениот дом во Врање изјавила дека повеќето од вакцинираните се здравствени работници, новинари, но и обични граѓани.

Како дел од прекуграничната соработка за солидарност меѓу двете земји, повеќе од илјада граѓани Македонија, претежно од Скопје и Куманово, досега ја добија првата и втората доза на вакцината на вакциналните пунктови во Врање.

Во меѓувреме, билборд со порака за благодарност од С, Македонија се појави во центарот на градот пред зградата на општинското собрание на Врање.

Слични содржини