Уште 24 граѓани починаа од коронавирус, од кои 23 имале коморбидитети

од Nikola Popovski

Уште еден црн ковид-биланс покажува најновиот извештај на Министерството за здравство. Според податоците, починати се 24 лица од коронавирус.

По градови билансот е: 7 починати лица од Скопје (61г, 67г, 67г, 72г, 82г, 83г и 83г), 4 починати од Куманово (69г, 75г, 80г и 90г), 3 починати лица од Струмица (66г, 71г и 78г), по 2 починати лица од Охрид ( 48г и 69г ) и Кочани (78г и 82г) и по едно починато лице од Прилеп (66г), Битола (81г), Велес (73г), Штип (69г), Свети Николе (72г) и Пробиштип (80г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, нема пријавени починати лица.

Од вкупниот број на починати лица (n=24), девет лица се целосно вакцинирани, а кај 23 се регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 266.937, бројот на оздравени пациенти е 239.666, на починати е 8.362, а бројот на активни случаи изнесува 18.909.

Слични содржини