Уште 246 граѓани се позитивни на Ковид-19

од Nikola Popovski

246 нови ковид-случаи од 4072 тестирани, соопшти Министерството за здравство, после добиените податоци од Инстутот за јавно здравје.

Според билансот по градови, новозаразени има во Скопје – 145, Струмица – 16, Прилеп – 14, Штип, Охрид и Битола – по 12, Кавадарци – 10, Неготино – 4, Струга, Гевгелија и Куманово – по 3, Велес и Ресен – по 2, Кичево, Гостивар, Валандово, Радовиш, Тетово, Демир Хисар, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Регистрирани сe 547 оздравени пациенти од: Скопје – 299, Битола – 47, Прилеп – 39, Струмица – 19, Кавадарци и Охрид – по 18, Куманово и Велес – по 15, Штип – 12, Ресен – 8, Кочани и Гевгелија – по 7, Свети Николе – 6, Кичево, Струга, Неготино, Крива Паланка и Демир Хисар – по 5, Делчево – 4, Тетово и Валандово – по 3, Богданци и Дојран – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.608.232 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини