Уште 35 нови лица се тестираат за коронавирусот

од Aleksandar Todeski

Три од новите случаи позитивни на коронавирусот се од Дебар, кои биле дел од поширокиот скрининг. Во скопје има едно лице ко е е новозаболено, а пациентот кажал дека имал контакт со претходно заболено лице. Уште еден случај е од Гостивар, се работи за жена вратена од Швајцарија. Таа била во домашна изолација, се појавила сама на тестирање и навела дека имала контакт со заболен таму. Последниот случај на заболен од коронавирус е четиригодишното девојче од Штип, кое вирусот го фатило во градинка во Англија.

Министерот за здравство, Венко Филипче кажа дека во моментов се тестираат 35 лица, а јавноста ќе ги дознае нивните резултати откако ќе бидат изготвени тестовите. Останатие пациенти, како што кажа министерот, се во стабилна состојба.

„Пациентката на респираторна машина нема влошување. Направивме домашната визита кај сите кои се на домашно лекување, даден им е алгоритам за однесување, како за самоизолацијата, така и за текот на лекувањето, воспоставена е дирекна комуникација со докторите од Инфективната клиника.  Во Дебар од утре ќе се упати уште еден пулмолог и еден педијатар, зошто таму има и здравствени работници носители на вирусот“, рече Филипче.

 

 

 

Слични содржини