Уште 39 милиони за Меси од Барса, клубот во сѐ поголеми долгови

од Stefanija Kuzmanovska

Продолжување на сагата во врска со договорот на Меси со Барселона – клубот мора да му плати на Аргентинецот 39 милиони евра за бонусот поради лојалност.

И тоа без оглед дали Меси ќе замине или ќе остане во Барселона. Лео е во клубот 20 години, Барса го спречи да си замине минатото лето и тоа можеби беше голема грешка за неа.

Покрај тоа што не доби пари од обештетување, Меси сепак можеше да замине како слободен фудбалер ова лето, побогат за споменатите 39 милиони.

Сето тоа на штета на веќе максимално затегнатите финансии на клубот, што е во милијарда евра долг и се пишува дека е пред банкрот.

Барселона ќе се обиде да обештети мал дел од тие пари со тужба против медиумите кои ги објавија деталите за договорот на Меси.

Претходните денови ова стана предмет на интерес, затоа што Шпанците открија дека Аргентинецот за четири години добил 555 милиони евра на име на тој договор со Барса.

Тој договор беше потпишан во 2017 година, додека Меси и клубот сè уште беа во добри односи, што не е случај сега, па се пишуваше за тоа како Лео и неговото семејство учат француски бидејќи имаат намера да одат во таа земја по Барселона.

Слични содржини