Уште 469 новозаразени со корона од 3296 тестирања

од Nikola Popovski

469 новозаразени и 375 оздравени пациенти е последниот ковид-биланс што го попладнево го објави Министерството за здравство.

Од 3.296 тестирања забележани се ковид-случаи во Скопје – 205, Битола – 50, Кавадарци – 35, Прилеп – 23, Куманово и Штип – по 20, Тетово – 13, Велес и Охрид – по 11, Крива Паланка и Делчево – по 9, Кочани – 7, Гевгелија – 6, Струмица, Неготино, Ресен и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Радовиш и Демир Хисар – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Струга, Берово, Богданци, Крушево, Макдеонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.

Билансот со оздравени изнесува: Скопје – 178,Куманово – 29, Кавадараци и Битола – по 20, Прилеп – 18, Штип – 13, Неготино – 12, Велес – 11, Кочани – 10, Тетово – 9, Свети Николе – 8, Кичево и Пробиштип – по 7, Крива Паланка и Делчево – по 6, Гевгелија и Крушево – по 5, Берово – 3, Радовиш – 2, Охрид, Ресен, Кратово, Богданци, Македонски Брод и Македонска Каменица – по 1.

Досега во земјата се направени вкупно 1.421.951 тестирања на Ковид-19.

Слични содржини