Уште 6,6 милиони Американци бараат бенефиции за невработеност: За три недели вкупно 17 милиони останале без работа

од Nikola Popovski

Минатата недела 6,6 милиони Американци се пријавиле за помош за невработеност, бидејќи коронавирусот продолжува да ја уништува американската економија.

Вкупно 16,8 милиони Американци останале без работа во последните три недели, што само ја нагласува застрашувачката брзина со која пандемијата на коронавирусот ги фрли на колена светските економии.

Овие податоци доаѓаат во време кога американската централна банка објави дека би можела да ја помогне економијата со 2,3 трилиони долари со нови и проширени програми.

Пандемијата со неверојатна брзина затвори и долгогодишни и нови претпријатија, оставајќи ги постарите работници и нововработените во скоро сите индустрии без плата, пишува Њујорк тајмс.

Според весникот, за само три недели повеќе од 16 милиони Американци ги загубиле работните места, повеќе отколку што рецесија предизвикала за две години.

Слични содржини