Уште четворица заболени од коронавирус, кризна состојба во Дебар и Центар Жупа

од Aleksandar Todeski

Денеска на седницата, владата утврди дека ќе се воведе кризна состојба во Дебар и Центар Жупа, истакна министерот за здравство, Венко Филипче.

Фото: Борче Поповски

„Денеска дојдоа за тестирање материјали од Центарот за јавно здравје од Дебар од уште десет лица, а во врска со втората група инфицирани од Дебар. Имаме уште четири нови пациенти кои ќе бидат префрлени на лекување на Инфективно, што беше причина зошто утрово разговаравме и информациите ги изложивме пред Управувачкиот комитет, кој предложи кризна состојба во Дебар и Центар Жупа. Се донесе одлука за ограничување на движењето на лицата кои живеат таму, во и надвор од општините“, истакна министерот.

Првозаболената кај која резултатот е негативен, ќе биде пуштена на домашно лекување. Во моментов има едно лице од Скопје, седум од Дебар и дополнително ќе пристигнат четирите новозаболени, исто така од Дебар.

Слични содржини