Уште еден Балканец пристигнува во Тексас

од Nikola Popovski

Мајами го донесе Кајл Лаури во трејдот со Торонто во замена за Горан Драгиќ, кој им се придружи на Репторс.

Сепак, се појави веста дека Драгиќ можеби нема да остане во Канада, бидејќи Далас е заинтересиран за него. Сите знаат дека во моментов во Маверикс играат Лука Дончиќ и Бобан Марјановиќ, кои неодамна ги продолжија договорите. Горан Драгиќ беше важен „шраф“ и во тимот на Мајами, со кого стигна до НБА финалето пред две сезони, каде Лејкерси беа сепак многу посилни.

Сега веќе поранешниот словенечки репрезентативец одлично се сложуваше со соиграчите во Мајами, и нема сомнение дека тимската хемија ќе се зголеми во Далас доколку Драгиќ потпише за нив.

Заедно со Дончиќ, тој беше лидер на својата репрезентација на Евробаскетот во 2017 година, кога Словенија ја победи Србија во финалето, комплетирајќи ја серијата од девет последователни победи и освојувајќи златен медал.

На прашањето дали би сакал да игра со Лука следната сезона, Драгиќ без размислување одговорил „Дефинитивно“, што уште повеќе го приближувадо трејдот во Далас.

Во претходните две сезони, се покажа дека Далас е сигурен учесник во плејофот, но дека нивната цел и успех таму не се големи, токму поради кратката ротација и недостатокот на квалитет, претежно на надворешните позиции. Доколку Словенецот навистина потпише, шансите Далас да оди чекор понатаму значително ќе се зголемат, а Дончиќ барем малку ќе може да одмори.

Слични содржини