Уште еден член на СДСМ поднесе кандидатура за лидер

од Nikola Popovski

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија денеска информира дека до Централната изборна комисија, кандидатура за претседател на партијата поднел и Властимир Алексовски.

-Властимир Алексовски е член и активист на СДСМ од општинската организација на партијата од Куманово. По анализирање на поднесената документација и утврдување дали апликацијата на Алексовски е согласно правилникот и дали ги исполнува пропишаните услови, Централната изборна комисија ќе соопшти дали ја верификувала апликацијата, велат од партијата.

Досега официјални кандидатури поднесоа поранешната потпретседателка на партијата, Фросина Ременски и актуелниот заменик-министер за финансии, Димитар Ковачевски.

Можни кандидатури најавија и поранешниот директор на УБК, Миле Зечевиќ и актуелниот директор на ТИРЗ, Јован Деспотовски.

Рокот за поднесување кандидатури истекува утре во 16 часот

Слични содржини