Уште еден демократ заразен со корона по нападот на Капитол

од Stefanija Kuzmanovska

Потврдено е дека американскиот пратеник Андријан Еспајлат има коронавирус, приклучувајќи им се на членовите на Конгресот кои се заразија по насилниот упад во американскиот Капитол минатата недела.

„Ги следам упатствата на мојот лекар и сум во домашен карантин по позитивниот тест за ковид-19“, напиша Еспајлат на Твитер.

Тој е уште еден пратеник заразен со коронавирус, а демократите ги обвинуваат републиканците дека не носеле маски додека се криеле во безбедната просторија на 6 јануари, кога насилните приврзаници на републиканскиот претседател Доналд Трамп упаднаа во Капитол.

Но, досега само демократите пријавија инфекција со коронавирус.

Слични содржини