Фудбалерките на САД освоија бронзен медал на Олимписките игри во Токио, победувајќи ја Австралија со 4:3 во борбата за третото место. Интересно е да се напомене дека селектор на Американките е македонскиот стратег Влатко Андоновски, кој пронајде доволно мотиви да ги инспирира неговите девојки, откако го изгубија полуфиналето.
Меган Рапино и Карли Лојд постигнаа по два гола за Американците.
Рапино ги доведе САД во водство со гол во осмата минута, а Австралијките израмнија преку Сем Кер во 17 -та минута.
Само четири минути подоцна, Рапино повторно погоди за 2: 1, а Лојд зголеми на 3: 1 во судиското продолжение од првото полувреме.
Кога Лојд го постигна вториот гол во 51. минута, веќе беше јасно дека медалите ќе одат за САД. Австралија успеа само да го намали поразот, откако Кејтлин Форд и Емили Гјелник ги поставија конечните 4: 3.
Ова е шести олимписки медал за женскиот американски фудбал. Во финалето ќе се сретнат Шведска и Канада.
Како централен дефанзивец, Андоновски настапуваше за Работнички, Македонија Ѓорче Петров и Вардар, пред да се пресели во САД во 2000 година. Таму играл фудбал во сала до повлекувањето во 2006 и потоа почнал тренерска кариера.
Неговиот тренерски подем почнува во 2013 година со формирањето на клубот Канзас Сити и Меган Рапиноу, една од најдобрите фудбалерки на светот, го опишува како тактички мајстор кој лесно се прилагодува кога е неопходно и притоа има одличен однос со играчите.
Селектор е на САД од 2019 година.