Уште еден обвинет за насилствата во Центар призна вина

од desk2

Јордан Ристевски, уште еден обвинет во предметот Насилство во Општина Центар, призна вина и кажа дека се кае. Првообвинет во овој предмет на СЈО е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, а минатата недела беше изречена првата пресуда. Во издвоена постапка, на 6 месеци условно беше осуден Томислав Лазаров, советник во Општина Центар, јави СДК.

Денешното рочиште за предметот „Насилство во Општина Центар“, каде што првообвинет е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, беше одложено бидејќи Дончо Наков, еден од адвокатите на обвинетите е на патување, кое што му било закажано уште пред да се утврди терминот. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи прифати да биде одложено рочиштето за 7 декември, а за Ристовски, поранешен советник во Центар, побара од судијката неговиот случај да се издвои од постапката. Се чека на одлуката на судијката.

Вкупно обвинети во овој предмет се 14 лица и се однесува на насилствата во Општината Центар и нарачаните шамари за ексградоначалникот Андреј Жерновски во 2013 година./СДК

Слични содржини