Уште еден трејд кој ќе ја „здрма“ НБА: Јанис го напушта Милвоки?

од Vladimir Zorba
685 прегледи

Јанис Антетокунмпо, кошаркарот на Милвоки Бакс, се почесто е тема во јавноста како некој кој може да ја промени средината.

Јасно е и дека иднината на грчкиот репрезентативец во редовите на Бакс е неизвесна. Суперѕвездата на Милвоки, кој беше драфтуван во 2013 година и ја водеше оваа франшиза до титулата во 2021 година како МВП на финалето, можеби нема да го носи овој дрес во иднина.

Брајан Виндхорст, известувач на ESPN, ги анализираше причините зошто Јанис сериозно размислува за својата иднина во Бакс. Американскиот новинар изјави дека доколку Милвоки биде елиминиран од Пејсерс (тимот на Индијана води во серијата со 2-0), тоа ќе биде трета последователна елиминација во првата рунда од плеј-офот.

Дополнително, како што истакна Виндхорст, Бакс имаат финансиски проблеми, што би можело да го принуди Милвоки да размисли за тргување со Антетокунмпо. Новинарот, сепак, истакна дека „сите овие гласини за заминувањето на Гркот доаѓаат од луѓе блиски до Милвоки“. Самиот Јанис никогаш не кажал дека сака да замине, ниту пак покажал знаци за такво нешто. Напротив, тој е стопроцентно фокусиран на тоа да ги направи Бакси подобри”.

Во октомври 2023 година, речиси истовремено со трејдот што го донесе Демијан Лилард во Бакс, Јанис Антетокунмпо потпиша тригодишно продолжување на договорот со Милвоки, вредно 186 милиони долари. Сепак, во октомври 2024 година, тој изјави дека доколку неговиот тим не ја освои титулата оваа година, тој ќе бара трејд.

– Имаме предвид дека оваа сезона нема да биде успешна. Да, ако не го освоиме првенството, Бакс би можеле да ме разменат. Да, тоа е нашата работа. Тоа е светот во кој живееме. Тоа е професијата во која сме. Во секој момент, ако имате неуспеси, се може да биде готово. Истото важеше и за претходниот стручен штаб и претходните сезони со играчите што ги имавме. Ако не се справите доволно добро, готови сте“, рече Јанис.

Слични содржини