Уште еден здравствен работник почина како последица од Ковид 19

На Инфективната клиника во Скопје, како последица од Ковид 19, почина 49. годишниот лекар интернист од Кумановската болница, Шкури Фазлији.

Ова го птврди и директорката на кумановската болница.

„Пред два дена се слушнав со него, тој беше на интензивна нега на Инфективната Клиника. Самиот рече, подобар сум отколку што бев кога дојдов, бидејќи тој од Куманово замина во навистина лоша состојба, меѓутоа кога го слушнав дека отежнато дише, само сакав да се извлече од кризата, иако беше очигледно дека болеста земала сеиозен замав“, истакна Захариева.

Пред да ги има првите симптоми, како што посочи Захариева, тој бил слободен, па откако добил кашлица останал дома. Немал контакт со останатите лекари и затоа никој од нив не е во изолација

Д-р. Фазлији, кој бил во тешка здравствена состојба, три дена се лекувал на Клиниката за инфективни и фебрилни болести ви Скопје. Тој зад себе оставил ќерка и два сина.

 

Слични содржини