Уште една актерка заразена: Не патував, но користев метро, бев на козметичар…

од Elena Daskalova

Ѕвездата од „Younger“, Деби Мазар, е позитивна на коронавирус, а таа се тестирала своеволно, иако според критериумите не спаѓала во ризични групи.

„Пред некое време сите дома имавме некаква настинка, температура, сува кашлица. Се лечевме, сите беа добро, но мене ме држеше подолго време. На 15 март се разбудив со треска и болки во телото, си реков сигурно е грип или може… корона?“, вели таа, опишувајќи дека според здравствениот систем не спаѓала во ризичните групи и дека вистински се измачила додека да дојде до тест.

„Немам патувано и не сум била во контакт со потврден случај, но користев метро, бев во кино, пазарев, во аптека бев, посетив фризер и козметичар. Начинот на кој се бира кој е тестиран е смешен“, вели таа и додава дека се чувствува исцрпено, има тежина во белите дробови, но според нејзината клиничка слика, може да се лечи во домашни услови.

Таа препорачува да се грижиме за имунолошкиот систем и да бидеме внимателни, бидејќи луѓето со хронични респираторни проблеми се ризични, без оглед на возраста.

Слични содржини