УШТЕ ЕДНА ЕВРОПСКА ЗЕМЈА ОДИ ВО КАРАНТИН? Се чека одобрување од владата

од Stefanija Kuzmanovska

Франција најверојатно ќе воведе нови рестриктивни мерки оваа недела со цел да им наложи на граѓаните да останат во своите домови освен во случаи кога мораат да одат на работа или исклучително важно патување.

Вечерва претседателот Емануел Макрон ќе се осврне на новите мерки за борба против Ковид 19.

Новите ограничувања ќе важат за целата земја и ќе бидат слични на карантинот кој постоеше минатата пролет на врвот на епидемијата, изјави извор од индустрискиот сектор.

Затоа, на луѓето ќе им биде дозволено да излегуваат да вршат работи од животно значење, да бараат здравствена нега, да купуваат основни намирници или да вежбаат еден час на ден.

Меѓутоа, за разлика од минатата пролет, се планира училиштата да останат отворени, како и супермаркетите и аптеките, пренесува „Ројтерс“.

Граѓаните кои не можат да работат од дома ќе можат да одат на работа.

Новите мерки ќе имаат ограничено траење, но не е познато колку ќе траат.

Слични содржини