Уште една федерална држава донесе сеопфатна забрана за абортус

од Stefanija Kuzmanovska

Пратениците од Западна Вирџинија вчера донесоа сеопфатна забрана за абортус со која се забранува процедура дури и во најраните денови од бременоста со ограничени исклучоци во случаи на силување, инцест и кога здравјето на мајката е загрозено.

Нацрт-законот, кој сега се упатува кон потписот на гувернерот Џим Џастис, е втора забрана за абортус усвоена од една федерална држава, откако длабоко конзервативниот Врховен суд на САД ја поништи одлуката Роу против Вејд стара 49 години, со која се утврди уставното право на таа процедура.

Мерката, која Џастис се очекува да ја потпише, доаѓа откако почнаа да се појавуваат разлики меѓу републиканците околу тоа колку строго да се забрани абортусот пред ноемвриските избори кои ќе одлучат за контрола на Конгресот.

Слични содржини