Актуелно
Почетна / Глобално / Свет / УШТЕ ЕДНА ГРЕШКА НА ПОЛИЦАЈЦИ: Уапсиле група Афроамериканци мислејќи дека се крадци, но погрешиле

УШТЕ ЕДНА ГРЕШКА НА ПОЛИЦАЈЦИ: Уапсиле група Афроамериканци мислејќи дека се крадци, но погрешиле

Полицијата во Лос Анџелес по грешка ги уапси сопствениците на продавница, мислејќи дека се крадци кои провалувале и ограбувале продавници за време на масовните протести.

На социјалните мрежи се појави видео од апсењето, а полицијата погрешно ги идентификувала сопствениците, кои се обидуваа да ги заштитат продавниците, како крадци и им ставија лисици на рацете. Според сведоците, сопствениците биле вооружени затоа што сакале самите да се справат со крадците и да го заштитат својот имот.

Групата Афроамериканци подоцна била ослободена, а многу од нив се побуниле поради објавениот видео запис.

„Фактот дека полицијата веднаш тргна кон сопствениците на продавници со темна кожа, мислејќи дека се крадци, покажува зошто луѓето протестираат“, рече еден од нив.

loading...