Актуелно
Почетна / Хроника / Уште една несреќа со трактор, жртва земјоделец од Тимјаник

Уште една несреќа со трактор, жртва земјоделец од Тимјаник

С.Р. (70) од село Тимјаник го загубил животот откако тракторот со кој управувал, се превертел и го згмечил. Како што соопшти полицијата, несреќата се случила вчера, а била пријавена вечерта, во 20.20 часот во Полициската станица – Неготино.

Според извршениот увид, тракторот се превртел при излегување од нива, движејќи се кон колскиот пат со мала удолнина.

Доктор констатирал повреди од кои С.Р. починал, а за настанот е информиран и јавен обвинител.

loading...