Уште една сезона за Санчо во Дортмунд?

од Vladimir Zorba

Sвездата на Борусија Дортмунд, Џејден Санчо може да остане барем уште една сезона на „Сигнал Идуна Парк“.

Англичанецот беше предмет на постојани шпекулации за евентуален трансфер назад во родната земја, откако Челси, Манчестер Јунајтед и Ливерпул се заинтересирани за неговиот потпис. Неговата статистика од 15 голови и 16 асистенции секако укажува на тоа дека на „жолто-црните“ ќе бараат околу 100 милиони фунти за потписот на играчот.

Сепак, според германските медиуми, Санчо може да биде задржан најмалку уште 12 месеци во Дортмунд.

Информациите се уште во доменот на шпекулации, бидејќи самиот играч сè уште не го информирал својот клуб за каква било желба да преземе нов предизвик следната сезона.

Слични содржини