Уште една сообраќајна несреќа на автомобил на „Тесла“ во Америка, загинаа две лица (ФОТО/ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Двајца мажи загинаа откако автомобил на „Тесла“ „без никој на возачкото место“ удри во дрво.

Електричниот автомобил се запалил откако удрил во дрво во Спринг, Тексас, во саботата во 23 часот и 25 минути.

Локалната полиција соопшти дека Моделот S патувал брзо и не успеал да ја помине кривината пред да слета од патот.

Сè уште не е јасно дали „автопилот“ системот на Тесла за помош на возачот бил вклучен во моментот на судирот.

Полициски службеник во округот навел дека едното лице седело на совозачкото место, а другото одзади и тие се сигурни дека никој не возел.

– Сосема сме сигурни врз основа на положбата на телата во автомобилот дека во моментот на судирот никој не бил на возачкото седиште – изјави полицаецот за телевизијата Khou.

Полициската станица извести дека жртвите биле на возраст од 69 и 59 години, а сведокот на несреќата рекол дека биле потребни четири часа за да се изгасне пожарот.

Властите соопштија дека батериите на возилото постојано гореле и тие морале да ја повикаат „Тесла“ за да прашаат како да го изгаснат пожарот.

„Тесла“ објави информација за оние кои први реагираат во случај на несреќи, вклучувајќи ја и локацијата на високонапонските водови.

Официјалните лица испитуваат неколку сообраќајни несреќи на „Тесла“ во кои можеби е користена функцијата на „автопилот“ на возилото.

Компанијата ги предупредува клиентите дека неговиот систем за „автопилот“ не е програма за автономно возење и дека мораат да обрнат внимание додека возат, како и да бидат подготвени да ја преземат контролата над возилото.

Слични содржини