Уште колку долго ќе мора да ги носиме заштитните маски?

од Stefanija Kuzmanovska

Носењето заштитни маски за лице и одржувањето на дистанца може да потрае уште неколку години, додека не се вратиме во нормала, предвиде водечкиот британски епидемиолог Мери Ремзи.

Ремзи рече дека основните мерки можат да бидат на сила се додека другите земји успешно не ја спроведат вакцинацијата, пренесува Би-Би-Си.

Според неа, многумина ги прифатија ограничувањата како што се покривање на лицето на места каде што има гужва и држење на растојание, а економијата сè уште функционира.

„Луѓето се навикнати на овие ограничувања на пониско ниво и луѓето можат да живеат со нив, а економијата сè уште може да продолжи со оние помалку строги ограничувања“, рече Ремзи.

Слични содржини