УСЈЕ: Пожарот е изгаснат во најкраток рок, нема повредени, настаната е само материјална штета

од Берта Китинска

Денес околу 11:30 часот во Цементарница УСЈЕ АД Скопје, се случи пожар, кој го најверојатно е предизвикан од дефект на електричната инсталација, по што веднаш беше известена противпожарната служба. Вработените во УСЈЕ реагираа веднаш по настанувањето на пожарот, со што беше спречено негово понатамошно ширење, велат од „Усје“ за Локално.

Од фабриката информираат дека по пристигнувањето на противпожарната служба, пожарот бил целосно ставен под контрол.

-По пристигнувањето на противпожарната служба и нивната брза интервенција, заедно со вработените од компанијата, пожарот беше целосно ставен под контрола и изгаснат, а нема повредени лица и штети од поголем вид.УСЈЕ ги информираше сите надлежни институции за случајот. Увидот ќе продолжи за финално да се утврдат вистинските причини, појаснуваат од „Усје“.

Од Противпожарната бригада на Скопје претходно информираа дека во гаснењето на пожарот учествувале девет пожарникари со две возила.

Командирот на Територијалната противпожарна единица, Ѕвонко Томески за „Локално“, посочи дека причина за пожарот најверојатно е дефект на електрична инсталација.

Слични содржини