Услов е вакцина или негативен тест: Се отвора грчката граница за македонските туристи

од Берта Китинска

Македонските граѓани  од 14 мај слободно ќе може да влегуваат во Грција со сертификат за примена вакцина или негативен ПЦР тест.

„Во комуникација сме со грчкиот министер за здравство и со министерот за туризам, Теохарис. Во рамките на тие консултации во врска со епидемиолошката слика и со мерките во двете земји, министерот Теохарис ме извести дека планираат да ја отворат границата на 14 мај за македонските граѓани. Но, ќе биде задолжително да се покаже потврда за вакцинација или негативен ПЦР-тест. Тоа што јас зедов обврска е да испратам како ќе изгледаат нашите сертификати за вакцинација со потребните кодови и листата на официјални и овластени лаборатории што може да издаваат ПЦР-тестови, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека наскоро ќе започнат преговорите со сите соседни земји за взаемно признавање на ковид-тестовите.

„Сите институции ќе стапат во преговори со сите наши соседи за признавање на ПЦР-тестовите, тестовите за антитела и ковид-пасошите. Што се однесува до мојот коментар за домашните туристи, стратегијата на Владата го обврзува Министерството за економија да го поттикнува и да се направат програми за негова поддршка. Заедно, со поддршка од Министерството за здравство и Министерството за надворешни работи, реков кога ќе започне имунизацијата, ние истовремено ќе ги започнеме преговорите за заемно признавање на ковид-пасошите“, рече министерот.

Границите со Грција се затворени веќе една година поради ковид пандемијата.

Слични содржини