Актуелно
Почетна / Глобално / Свет / Усогласен финалниот документ на конференцијата за Либија

Усогласен финалниот документ на конференцијата за Либија

Светските лидери постигнаа договор за текстот на финалниот документ од конференцијата за Либија, што се одржува во Берлин, јавија светските агенции повикувајќи се на свои извори.

„Текстот е договорен“, изјавил еден дипломат но не открил повеќе детали.

Според нацрт-документот во кој имале увид некои агенции, процесот на решавање на кризата во Либија ќе биде поделен на шест дела: прекин на огнот, ембарго за вооружување, политички процес, реформа на безбедносниот сектор, економска и финансиска реформа, почитување на меѓународното хуманитарно право и човекови права.

Во нацртот исто така се повикува на немешање во вооружениот конфликт во Либија и се бара од Советот за безбедност на ОН да воведе санкции за земјите што го кршат ембаргото за оружје.

Според агенциите, по усвојувањето на текстот, ќе биде формиран посебен Меѓународен комитет за мониторинг кој ќе го надгледува спроведувањето на одлуките од самитот во Берлин.

Во тек е прес-конференција на учесниците на самитот за Либија.

Германската канцеларка Ангела Меркел ги покани лидерите на 12 земји, како и Обединетите нации, Европската унија, Африканската унија и Арапската лига на самит во германскиот главен град.

 

loading...