На денешната седница, уставните судии треба да донесат одлука по иницијативата за оценување на уставноста на членот 11 од Законот за дополнување на законот за помилување од 2016. година.

Претседателот со овој закон нема обврска да ја образложи својата одлука, а истата значи и дека може да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена.

Пред една година, судот поведе постапка по иницијативата, но одлучувањето за тоа беше одложено со причината дека Собранието треба да го толкува членот 11 од Законот за помилување, кој му дава дискреционо право на претседателот да даде помилување без за истото да спроведе постапка.

Тогашната Законодавно – правна комисија одлучи дека толкувањето не е оправдано бидејќи членот 11, кој му дава на претседателот право да помилува, воопшто и не постои.

Поранешниот претседател Ѓорге Иванов, повикувајќи се на избришаниот член 11 од Законот за помилување, најпрвин аболицираше 56 лица, а потоа во Законот беше додаден нов член, 11-а, со кој го повлече помилувањето.

На вчерашната пресконференција, актуелниот министер за правда, Бојан Маричиќ не сакаше да ги коментира очекувањата за исходот по ова прашање, но посочи дека е убеден дека сета ситуација ќе биде во ред по одлуката на Уставен.

„Ова е важен процес, и не треба да погодуваме која ќе биде расправата на Уставниот суд во врска со членот 11а од Законот за помилување, со цел да не се направи било какво влијание. За нас најважна е правдата, правната држава и владеењето на правото како принцип. Очекувам одлука или изјаснување во некаков облик од Уставен, кои ќе ја расчистаат оваа ситуација“, истакна министерот Маричиќ.

Слични содржини