Уставен суд го запре уривањето на охридското крајбрежје

од Nikola Popovski

Уставниот суд на денешната седница донесе времена мерка за запирање на сите активности со уривањето на дивите плажи на охридското крајбрежје, а поведе и постапка за оцена на уставноста на владината Уредба со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба, но не на целата уредба, туку само во делот на дополнувањето, кое се однесува на плажите под закуп во Охрид и во Струга.

Забраната за уривање на плажите-дивоградби ќе трае до денот кога Уставниот суд ќе донесе одлука за поведената постапка.

На 22 јуни, Општина Охрид почна со градежни работи за уредување на крајбрежјето на Езерото каде што беа урнати шанкови, платформи и монтажни објекти.

Слични содржини