Уставните измени денеска ќе се објават во службен весник, не е потребен потпис на Иванов

од desk2

Одлуките за уставните измени за имплементација на Договорот од Преспа и за измените на Уставниот закон денеска ќе бидат објавени во „Службен весник“, со што тие стапуваат на сила.

Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција, одговарајќи на новинарско прашање, за тоа што претседателот Ѓорге Иванов одбива да потпише ваква одлука, изјави дека неговиот потпис не е потребен.

-Фала Богу и не треба потпис на новата одлука од претседателот Иванов. Вчера заедно со измените, Собранието донесе и проглас за амандманите и проглас за Уставниот закон, рече Заев.

Заев додаде дека веднаш по објавувањето во Службен весник македонското МНР ќе испрати известување до грчкото МНР.

Слични содржини