Уставните измени за полноправно членство во ЕУ е обврска на сите политички партии, вели премиерот

од Vladimir Zorba

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, во интервју за МРТ порача дека не може да има напредок на државата со ширење на внатрешни тензии, со ширење на недоверба со соседите. „Вредностите на ЕУ почиваат на добрососедски односи”, рече премиерот.

„Што сè се има случувано помеѓу земјите членки на ЕУ, помеѓу Франција и Германија на пример, што се има случувано во Првата светска војна. Но, тие држави денес заедно се лидери во ЕУ, носат одлуки за унапредување на животниот стандард на нивните граѓани. Уставните измени и сите одлуки коишто понатаму ќе следат до полноправно членство се обврска на сите политички партии. Тоа е над партиски интерес за граѓаните, а не за политичките партии. Политичките партии имаат многу други теми на коишто можат дневно политички да се натпреваруваат, од политика на даноци, социјални политики, инвестициски политики… Но, ова прашање е прашање за иднината на граѓаните, бидејќи македонските граѓани сакаат да живеат во ЕУ, ама тие сакаат да живеат во ЕУ тука во својата држава, а не да живеат во ЕУ како до сега во туѓина, во други земји, и тоа е тоа што сите пратеници треба да им го овозможат на граѓаните”, истакна претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

Слични содржини