Усвоен Договорот за гасниот интерконектор со Грција

од Nikola Popovski

На денешната редовна седница, Владата го разгледала и прифатила текстот на усогласениот Договор меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Грција за изградба на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија.

Од таму соопштуваат дека ќе се овласти министерот за економија Крешник Бектеши во име на Владата да го потпише овој договор со Владата на Република Грција.

„Договорот ќе овозможи гасно поврзување на Централна и на Југоисточна Европа со цел унапредување на диверзитетот и конкурентноста на снабдувањето со природен гас и обезбедување на сигурноста во снабдувањето на регионот. Овие цели ќе се обезбедат и по пат на унапредување на регионалната инфраструктура и подобрување на интеграцијата на пазарите, како и преку обезбедување на потребните количества на природен гас за сите потрошувачи во регионот на Централна и на Југоисточна Европа (CESEC), вклучувајќи ја и Република Северна Македонија“, велат од Владата.

Слични содржини