Усвоена информација за потребата од дополнителни средства за проектот за поврзување на локални патишта

од Aleksandar Petrovski

Владата во рамки на 16-та седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од обезбедување на дополнителни средства за проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска банка, и го задолжи Министерството за финансии, веднаш по усвојувањето на оваа информација, да испрати официјален допис до Светска банка со барање да обезбедат дополнителни средства во износ од 37 милиони евра за тој проект.

Со Договорот за заем и со комплетираната финансиска конструкција од 70 милиони евра, како што соопшти владината прес-служба, се овозможува рехабилитација на 450 километри локални патишта, од кои во првите 18 месеци од реализација на проектот ќе бидат тендерирани за рехабилитација најмалку 110 километри локални патишта.

Слични содржини