Усвоени материјали за регулирање на односите со Европската комисија

од Nikola Popovski

На денешната владина седница, на предлог на Министерството за внатрешни работи беше разгледан и усвоен Предлог – законот за ратификација на Рамковната спогодба за финансиско партнерство помеѓу Европската комисија и Република Северна Македонија застапувана од Владата, за посебните постапки за спроведување на финансиска помош од Унијата за Република Северна Македонија според Инструментот за претпристапна помош (ИПА III).

Рамковната спогодба за финансиско партнерство за ИПА III, претставува најважен акт со кој се регулираат односите помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Европската комисија во спроведувањето на ИПА III, а произлегува од регулативи на Европската Унија кои треба директно да се применуваат по склучувањето и влегувањето во сила на оваа Спогодба.

Регулативата за ИПА III има за цел да ги поддржи корисниците на ИПА III за донесување и спроведување на политичките, институционалните, правните, административните, социјалните и економските реформи што се бараат од корисниците со цел да се усогласат со вредностите на Унијата и постепено да се усогласуваат со правилата, стандардите, политиките и практиките на Унијата („acquis”), со цел членство во Унијата, придонесувајќи со тоа за нивната стабилност, безбедност и просперитет.

Секретаријатот за европски прашања се определува како надлежен орган на државната управа што ќе се грижи за извршувањето на Рамковната спогодба.

На денешната седница, беше разгледана и усвоена и Информацијата за Секторската спогодба помеѓу Република Северна Македонија претставувана од Владата и Европската комисија за воспоставување на одредбите за управување и спроведување на финансиската помош на Унијата за Република Северна Македонија од Инструментот за претпристапна помош во областа на соработка Земјоделство и рурален развој (ИПАРД III).

Беше прифатен усогласениот текст на Секторската спогодба и притоа е овластен заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија и Национален ИПА координатор, Бојан Маричиќ, во име на Владата на Република Северна Македонија, да ја потпише истата.

Со потпишување на Секторската спогодбата за ИПАРД III ќе се заокружи основната правна рамка за ИПА III, од особена важноста за областа Земјоделство и рурален развој (ИПАРД III), со што ќе се овозможи натамошно потпишување на годишните спогодби за финансирање.

Слични содржини