Утре без вода дел од корисниците во Карпош, Бутел и Гази Баба

од Milan1
306 прегледи

Корисниците од улиците „Александар Бујнов“, „Душко Поповиќ“, „Пребондова“, „Томе Пуре“ и дел од ул. „Петар Манцуков“ во општина Бутел утре од 7 часот ќе имаат прекинато водоснабдување.

ЈП Водовод и канализација – Скопје соопшти дека прекинот ќе биде поради промена на затворач од Ф80мм на ул. „Александар Бујнов“ бр. 8 во населба Бутел и ќе трае до санирање на дефектот.

Од 7.30 часот утре вода ќе немаат и корисниците од ул.„Ташко Караџа“, „Трифун Хаџи Јанев“, „Христо Ботев“ и „Бапчор“ поради уличен дефект од Ф100мм на ул.„Ташко Караџа“ 12 во населба Автокоманда. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до санирање на дефектот.

Според известување на ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекинато водоснабдување утре ќе имаат и корисниците од улиците „Манапо“, „Струма“, „Пелистерска“, „Огражден“ и „Радика“ поради дефект на вентил во шахта од Ф-6/4 на ул. „Манапо“ бр. 5 во населба Карпош.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 8:00 часот до отстранување на дефектот.

Слични содржини