Утре итна седница на Обединетите нации за Запорожје

од Nikola Popovski

Рускиот претставник во меѓународните организации во Виена, Михаил Улјанов, денеска изјави дека Русија побарала итна седница на Советот за безбедност на Обединетите нации на која ќе се расправа за ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје.

Седницата ќе се одржи утре во Њујорк, рече тој.

Улјанов ја обвини Украина дека создава вештачки пречки и тешкотии за потенцијалната мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) во нуклеарната централа Запорожје.

Во март 2022 година, руските сили го зазедоа Запорожје, најголемата нуклеарна централа во Европа со шест реактори кои работат, а централата сега работи со капацитет од 70 проценти.

Москва и Киев меѓусебно се обвинуваат за гранатирање на нуклеарната централа Запорожје, а портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова во понеделникот изјави дека Киев ја држи цела Европа во заложништво со гранатирање на централата.

Руската воено-цивилна управа на Енергодар соопшти дека на 7 август Киев истрелал ракета „Ураган“ од 220 милиметри со касетна боева глава, чии делови оштетиле административни згради и околната територија на складиштето, а пред тоа украинската армија бомбардирала Запорожје на 5 и 6 август.

Слични содржини