Утре ќе се тестираат за Ковид 19, вработение во градинките

од Берта Китинска

Скринингот за состојбата со ковид-19 кој го најавија здравствените власти ќе започне утре. Први на листата се вработените во градинките, најави министерот Венко Филипче, во неговото гостување во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ.

„Тој започнува во текот на утрешниот ден со вработените во градинките. Ги идентификувавме луѓето кои се вработени, ќе почнеме да работиме преку Центрите за јавно здравје. На тој начин, паралелно на процесот на подготвување на протоколите и критериумите по кои ќе работат градинките, во еден момент после одреден период кога ќе заврши скринингот ќе бидеме спремни да ги вратиме и градинките во функција“, изјави Филипче.

Слични содржини