Утре почнува штрајк на 11.000 индустриски работници во Финска

од Radmila Tasevska

Работниците во неколку технолошки компании ќе штрајкуваат во Финска од среда до петок оваа недела, откако не беше најдено решение за спорот околу платите, соопштија денес работодавците за технологија.

Во соопштението се наведува дека штрајкот ќе погоди 20 фирми кои вработуваат 11.000 работници, пренесува Еурактив.

Неуспешните разговори за платите меѓу претставниците на работодавците и синдикатите во технолошкиот и индустрискиот сектор за време на викендот најверојатно ќе резултираат со штрајкови во февруари кои ќе се прошират и во другите клучни сектори во земјата.

Слични содржини