Утре се очекува пресуда за Владимир Талески обвинет во „Транспортер“

од Ивана Рамаданова

По речиси четиригодишно судење, утре се очекува пресудата за предметот „Транспортер“ во кој обвинети се поранешниот градоначалник на Битола Владимир Талески, поранешниот секретар Слободан Бончановски, 19 директори на основни и средни училишта, како и управители на автопревозни фирми.

Предметот беше отворен од стран на Специјалното јавно обвинителство, а го водеше судијката Добрила Кацарска. Сите обвинети се гонат за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

 

Слични содржини