Утре во Собранието презентација на јавното мислење за правата на ЛГБТИ луѓето

од desk4

Утре во македонското собрание со почеток во 11 часот во салата „Борис Трајковски“ , Интерпартиската парламентарна група (ИППГ) за правата на ЛГБТИ лицата ќе одржи презентација на тема: „Наодите од регионалното истражување на јавното мислење за правата на ЛГБТИ луѓето“.

ЛГБТИ како една од најмаргинализираните заедници на ваков начин добива поголема видливост во општеството но и поддршка во надминувањето на проблемите со кои се соочува. Интерпартиската група континуирано придонесува за подигање на јавната свест за потребата од унапредување на правата на ЛГБТИ луѓето и развој на современо демократско општество со еднакви можности за сите.

Слични содржини