Утринскиот ритуал на Меган Маркл поради кој изгледа фит на 41 година

од Stefanija Kuzmanovska

Меган Маркл иако има 41 година, може да застане рамо до рамо со двојно постари девојки, пишува „Експрес“.

Нејзиниот добар изглед најмногу се должи на одличната линија која успеала да ја одржи непроменета и по две бремености.

Откако се појави во серијата „Suits“, Меган речиси воопшто не се промени, а улогата на Рејчел Зејн ја играше уште во 2011 година.

Па, како таа успева да одржи толку добар изглед?

Меган веќе зборуваше за режимот на исхрана и вежбање. Нејзината исхрана е урамнотежена, се храни здраво, но не се плаши да се почести со некоја помалку здрава храна.

Еден оброк кој Меган никогаш не го прескокнува е појадокот.

Денот го започнува со чаша топла вода со парче лимон.

Потоа доаѓа нејзиниот омилен појадок, овесна каша направена со бадемово или млеко од соја со банана и сируп од агава кој дава сладок вкус.

Исто така, Меган претпочита појадок кој вклучува омлет со кашкавал, свежи билки и парче тост.

Неколку часа по појадокот Меган има обилен ручек, а за неколку часа лесна вечера.

Меган открила дека јаде веганска и безглутенска храна бидејќи тоа најмногу ѝ се допаѓа.

– Јадам веганска исхрана во текот на неделата, а за викендите сум малку пофлексибилна – изјавила таа во 2015 година.

Слични содржини