Утрово на Табановце повторно се чека околу 40 минути за излез

од Nikola Popovski

Aвтомотосојузот во утринскиот извештај за состојбата на патиштата информира дека на ГП Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата. Според нив, ова се должи на зголемениот интензитет на граѓани кои се упатуваат кон северниот сосед. Проверката, како што велат и македонските гранични служби практично ја прават заедно со нивните српски колеги непосредно пред самиот влез во Србија.

Викендов наши државјани одат да се вакцинираат во Србија, што предизвика застои и чекање на границата.

Вчера на граничниот премин Табановце во периодот од полноќ до 10 часот влез/излез оствариле вкупно 3.234 лица, од кои на влез 1.095 лица, а на излезе 2.139 лица, соопштуваат од МВР.

Од АМСМ известуваат дека на останатите гранични премини, од македонската страна нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Слични содржини