Утрово родено бебе и во ковид-центарот

од Nikola Popovski

Утрово министерот за здравство Венко Филипче и директорката на ГАК, Викторија Јовановска информираа дека вкупно три бебиња се родиле на Клиниката за гинекологија и акушерство (ГАК) во текот на новогодишната ноќ.

-Третото бебе е родено во ковид-центарот. Станува збор за машко бебе кое тежело 2 килограми и 440 грама, а се родило околу 5 часот. Мајката е позитивна, но и мајката и бебето се добри, соопшти Филипче.

Според директорката на ГАК, претходните случувања биле најава дека годината ќе ни биде одлична.

-По ова како ја поминавме ноќта се се чини дека годината ќе ни биде одлична. Сите деца се добри, вклучувајки го и тоа во ковид-центарот и набрзо сите ќе си заминат дома, рече Јовановска.

 

Слични содржини