Ужас кај Сомбор: Пукна носач на рингишпил, повредени осум деца

од Aleksandar Petrovski

Во селото Колут кај Сомбор, во неделата околу 20.30 часот, осум деца беа повредени кога пукнал носачот на на рингишпил.

Како што се дознава, носачот пукнал додека се вртел рингишпилот, пренесува soinfo.org.

Три деца се тешко повредени, а пет се полесно повредени.

Тие биле пренесени во Сомбор со брза помош и никој од нив нема повреди опасни по живот. Главно се работи за можни фрактури, модринки, истегнувања. Сите повредени се упатени на понатамошно дијагностицирање. Очигледно е и дека доживеале голем шок.

За овој случај бил информиран надлежен јавен обвинител и треба, во согласност со законот и доказите, да спроведе истрага.

На лице место реагирале и екипи на Брза помош и полиција.

Слични содржини