УЖАС ВО АРИЗОНА: Пронајдени 43 тела на мигранти

од Stefanija Kuzmanovska

Голем број на тела на мигранти (43) кои починале најверојатно поради рекордните температури беа пронајдени во пограничните области на Аризона.

Голем број смртни случаи на мигранти се забележани и во Тексас, пишува „Гардијан“.

Непрофитната организација „Човечки граници“, која ги мапира телата и на тој начин ги пронаоѓа во Аризона, врз основа на податоците од истражувачката медицинска канцеларија на округот Пима во Тусон, објави дека биле пронајдени 43 човечки тела во пограничната област на таа држава минатиот месец и дека најверојатната причина за смрт е топлината (ова е најтоплиот јуни забележан за Феникс).

Температурите во Феникс минатиот месец се искачија на 43 Целзиусови степени, и беа слични на оние во пустината Соноран во Аризона, која се наоѓа северно од Мексико.

Според непрофитната организација, најмалку 16 лица починале во еден ден, а најмалку 13 лица починале за една недела, и дека не сите 43 мигранти починале во јуни.

Организацијата исто така наведува дека во текот на првата половина од годинава биле пронајдени околу 127 посмртни остатоци, што е далеку поголема бројка во споредба со претходната година, кога во истиот период имало 96 од нив.

Оваа година, шестмесечната бројка е поголема од онаа за целата 2017 година, кога беа пронајдени 123 тела на мигранти во близина на границата со Аризона со Мексико.

Слични содржини