Ужас во Бечеј: Експлодирал ковчег со покојникот во него, повредена жена

од Aleksandar Petrovski

Бизарна несреќа се случила денес околу 11.30 часот во Бечеј на српските православни гробишта.

Имено, од засега непознати причини, експлодирал ковчег. Поради силата на експлозијата, парчиња на дрво од кој е изработен ковчегот се разлетале и ја повредиле Д.А. (71) од Жабља, жена која била во близина.

Иако причината за експлозијата не е позната се претпоставува дека реакцијата се случила откако комуналните работници ставиле сув мраз во ковчегот со починатиот, со цел телото побрзо да се олади.

Работниците веднаш го замениле ковчегот и погребот продолжил.

Истрагата за овој инцидент е во тек.

Слични содржини